Хемиските елементи можат да се поделат во повеќе групи. Најголемата група, во која спаѓаат околу три четвртини од сите елементи, се металите. Тие имаат повеќе особини кои им недостасуваат на другите елементи или неметалите. Во споредба со неметалите, тие многу добро спроведуваат топлина и електрицитет. Цврсти се на обична или собна температура. Цврсти се, тврди и отпорни и можат да се испеглаат за да добијат мазна, сјајна површина. Кога врз нив ќе се примени голем притисок, се деформираат и ја менуваат формата, но не се распаѓаат на делови и не се кршат. Овие особини ги имаат повеќето метали, но не сите. Натриумот е многу мек метал, а живата е метал кој на нормална температура е сребреникава течност.
No comments:
Post a Comment