Wednesday, September 24, 2014

Вулкани


   Ерупцијата на некој вулкан што во вис ги исфрла црвените вжарени карпи е една од најстрашните појави во природата. Ова настанува во близина на некој отвор, пукнатина или слаба точка во цврстите карпи на Земјината кора. Истопената карпа, (магма) се пробива низ големи длабочини како последица на неверојатно високи температури и притисок. Магмата што избива на површината се нарекува лава. Кога таа ќе се излади и ќе се стврдне, создава карпи: ендогени или еруптивни. Дел од лавата е густа,но течна. Таа врие низ вулканот како врел сируп и се шири на голема површина.   Во текот на ладењето се претвора во  "покривка" од цврста карпа која се нарекува базалт. При секоја вулканска ерупција се  зголемува дебелината на покривката и се создаваат слоеви на лава кои се дебели до 10 метри. Ерупциите на вулканите што ги создаваат покривките се мали. Во експлозивните ерупции лавата е густа и леплива, бавно се движи и се стврднува во близината на излезот на вулканот наречен кратер. По неколку последователни ерупции кај овој вид вулкан, лавата постепено создава висока планина со стрмни падини која се нарекува конус.




I love science



Tuesday, September 23, 2014

Светлина


   Светлината е исто така форма на енергија,што допира до нас преку сетилото за вид и којашто ни овозможува да гледаме. Неа ја произведуваат многу жешки објекти или предмети: Сонцето, огнот и тенките жици во електричните светилки. И некои животни имаат органи што произведуваат светлина.
       Светлината од Сонцето е значајна за животот на Земјата. Постојат суштества коишто живеат од минералите во океанските длабочини, но тие се ретки. Повеќе видови растенија ја користат Сончевата енергија за производство на својата храна. Сите животни кои се хранат со растенија, како и животните кои се хранат со тревопасните животни зависат од Сончевата светлина.
        Сончевите зраци можат да се движат само праволиниски. Доколку тие наидат на предмет кој не дозволува да минат низ него (непроѕирен предмет), на неосветлената страна од предметот се појавуваат сенки. Меѓутоа, светлината може да се одбива и токму оваа светлина ни овозможива да ги видиме предметите. Светлосните зраци кои удираат во рамна и сјајна површина, како што е огледалото, се одбиваат од неа под ист агол. Тоа ни овозможува да го видиме својот одраз.





Бои



   Една од главните особини на светлината е бојата. Кога светлината би била чисто бела, светот би бил во црна и бела боја, со нијанси на сиво. Но, белата светлина не е чиста. Таа е смеса на сите бои на виножитото кои се познати како светлосен спектар.
      Боите постојат затоа што светлината се јавува во форма на бранови, а сите бранови немаат иста бранова должина. Некои се незначително подолги од други и ние ги гледаме како црвена боја. Најкратките светлосни бранови ги гледаме како виолетова боја. Листот е зелен затоа што неговата површина ги впива сите бои на светлината, освен зелената, која листот ја одбива спрема нашите очи. Црвеното знаме ги впива сите бои, освен црвената. Предметите коишто ги одбиваат сите бои се бели.




Thursday, September 11, 2014

Метали

   Хемиските елементи можат да се поделат во повеќе групи. Најголемата група, во која спаѓаат околу три четвртини од сите елементи, се металите. Тие имаат повеќе особини кои им недостасуваат на другите елементи или неметалите. Во споредба со неметалите, тие многу добро спроведуваат топлина и електрицитет. Цврсти се на обична или собна температура. Цврсти се, тврди и отпорни и можат  да се испеглаат за да добијат мазна, сјајна површина. Кога врз нив ќе се примени голем притисок, се деформираат и ја менуваат формата, но не се распаѓаат на делови и не се кршат. Овие особини ги имаат повеќето метали, но не сите. Натриумот е многу мек метал, а живата е метал кој на нормална температура е сребреникава течност.


Wednesday, September 10, 2014

Агрегатни состојби

   Материјата постои во три основни форми наречени агрегатни состојби: цврста, течна и гасовита. Кај цврстата состојба молекулите се збиени и се поврзани во цвста шема, како на пример во мразот. Тие одвај се движат. Поради тоа еден цврст предмет го задржува истиот волумен и не ја менува формата. Кај течностите, како што е водата, молекулите се позбиени, но не се поврзани едни со други. Тие можат да се движат, што значи дека целокупната течност може да ја менува формата и да тече иако, како и цврстото  тело, и понатаму го задржува истиот волумен. Кај гасот, како што е, на пример, водната пареа, молекулите можат меѓу себе да се приближуваат или да се оддалечуваат. На тој начин гасот може да има поголем или помал волумен и може да се приспособи на волуменот на садот во кој се наоѓа.