Wednesday, September 24, 2014
Вулкани
Ерупцијата на некој вулкан што во вис ги исфрла црвените вжарени карпи е една од најстрашните појави во природата. Ова настанува во близина на некој отвор, пукнатина или слаба точка во цврстите карпи на Земјината кора. Истопената карпа, (магма) се пробива низ големи длабочини како последица на неверојатно високи температури и притисок. Магмата што избива на површината се нарекува лава. Кога таа ќе се излади и ќе се стврдне, создава карпи: ендогени или еруптивни. Дел од лавата е густа,но течна. Таа врие низ вулканот како врел сируп и се шири на голема површина. Во текот на ладењето се претвора во "покривка" од цврста карпа која се нарекува базалт. При секоја вулканска ерупција се зголемува дебелината на покривката и се создаваат слоеви на лава кои се дебели до 10 метри. Ерупциите на вулканите што ги создаваат покривките се мали. Во експлозивните ерупции лавата е густа и леплива, бавно се движи и се стврднува во близината на излезот на вулканот наречен кратер. По неколку последователни ерупции кај овој вид вулкан, лавата постепено создава висока планина со стрмни падини која се нарекува конус.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment