Tuesday, September 23, 2014

Светлина


   Светлината е исто така форма на енергија,што допира до нас преку сетилото за вид и којашто ни овозможува да гледаме. Неа ја произведуваат многу жешки објекти или предмети: Сонцето, огнот и тенките жици во електричните светилки. И некои животни имаат органи што произведуваат светлина.
       Светлината од Сонцето е значајна за животот на Земјата. Постојат суштества коишто живеат од минералите во океанските длабочини, но тие се ретки. Повеќе видови растенија ја користат Сончевата енергија за производство на својата храна. Сите животни кои се хранат со растенија, како и животните кои се хранат со тревопасните животни зависат од Сончевата светлина.
        Сончевите зраци можат да се движат само праволиниски. Доколку тие наидат на предмет кој не дозволува да минат низ него (непроѕирен предмет), на неосветлената страна од предметот се појавуваат сенки. Меѓутоа, светлината може да се одбива и токму оваа светлина ни овозможива да ги видиме предметите. Светлосните зраци кои удираат во рамна и сјајна површина, како што е огледалото, се одбиваат од неа под ист агол. Тоа ни овозможува да го видиме својот одраз.





No comments:

Post a Comment